Тенџере од сарма и фотографија од Иванов е сé што е спасено од кампот на „Македонија блокира“ (ВИДЕО)

Од денеска спроти Собранието речиси и да нема трага од долгомесечниот шаторски камп поставен од демонстрантите од „Македонија блокира“. Од „Единствена Македонија“ велат дека кампот бил уредно пријавен до 31 декември. Од Град Скопје велат дека шаторите биле нелегално поставени сето тоа време. Велат дека ги нашле празни, па ги „исчистиле“ бидејќи претставувале отпад.

Демонстранти од кампот велат дека се исфрлени и отстранети на најбезобразен начин. Велат дека комуналните служби фрлиле сé што нашле, вклучувајќи два леба и две-три кисели води, наменети за луѓето од кампот. Сé што демонстрантите успеале да спасат било тенџере од сарма и фотографија од Ѓорге Иванов, објави „Макфакс“.


Повеќе на линкот.

 

- Реклама -