Од денеска па до 29 декември во ГЕМ Клуб ќе се одржува мал новогодишен саем на книги, организиран од издавачката куќа Темплум.
Покрај изданијата на Темплум, ќе може да се купат и книги од издаваштвото на Бегемот, Готен, Блесок, Слово, Кликер, Сигма прес, Восток, ПриватеПринт, а најавени се и неколку промоции на книги.
Покрај тоа, на последниот саемски ден, ќе ѝ биде оддадена почит на писателката Лилјана Дирјан, која неодамна почина, со вечер посветена на нејзиното дело.