Температурите во Германија во 2023 година се зголемија за повеќе од два степени, со што стана рекордна година, соопшти Германската метеоролошка служба (DWD) во својот прелиминарен годишен биланс објавен денеска.
Метеоролошката служба претходно оваа недела веќе објави дека 2023 година е најтоплата година од почетокот на мерењата во 1881 година.
Просечната температура достигна 10,6 степени Целзиусови за првпат во 2023 година, што беше за 2,4 степени над вредноста за меѓународниот референтен период од 1961 до 1990 година, соопшти метеоролошката служба по првичните проценки.
Споредено со периодот од 1991 до 2020 година, порастот е 1,3 степени.
– Климатските промени продолжуваат со несмалено темпо, предупреди членот на одборот на DWD за клима и животна средина, Тобијас Фукс.
Во 2023 година доминирале топли, влажни услови со големи количини на врнежи, се вели во извештајот. DWD нагласува дека овој септември бил најтоплиот септември од почетокот на националните мерења.
Исто така 2023 година е шеста во серијата највлажни години.
Според прелиминарните проценки, DWD регистрирал околу 958 литри на метар квадратен, што е повеќе од една петтина повеќе врнежи отколку во двата референтни периоди.
Според DWD, сончевата светлина се зголемила за речиси 15 проценти помеѓу 1961 и 1990 година или околу 5 отсто помеѓу 1991 и 2020 година.