Телешки шницли во лимон

Без месо нема ручек. За денеска ви предлагаме сочни телешки шницли подготвени со многу многу лимон.

Состојки: 8 шницли, 60г путер, 1дл бело вино, 1дл кисела павлака, 4 лимони, 1 магдонос, сол, бибер

Подготовка: Шницлите истенчете ги со кујнски чекан, посолете и наросете бибер, извалкајте ги во брашно и испржете ги. Шницлите ставете ги на топло.

Направете сос од лимон. Во остатокот од маснотијата од пржењето додајте бело вино и гответе неколку минути на тивок оган, додавајте ја павлаката и сок од 2 лимони. Може да додадете малку брашно, посолете, наросете бибер и на крај додајте го ситно исецканиот магдонос.

Испржените шницли украсете ги со кришки лимон, прелијте со лимоновиот сос и послужете со компири.

Прочитајте и:  Намирници со висока содржина на шеќер и сол што треба да се избегнуваат

Добар апетит!

- Реклама -