Овие приказни ќе ве убедат дека телепатијата меѓу близнаците е вистинска. Истражувањето кое го спровела др. Лин Черкес, покажува дена еден од пет еднојајчени близнаци доживува некој облик на телепатија.
Постојат многу приказни за посебната врска меѓу близнаците, за тепепатијата можат да зборуваат само оние кои ја доживеале.
Во пролетта 2009. година Џема Хофтон (15) одеднаш ја облеало силно чувство дека нејзината близначка Лина е во неволја.
Џема веднаш се стрчала кон тоалетот и ја пронашла својата сестра онесвестена. Лина, која е епилептичар, доживеала напад во кадата, а Џема и го спасила животот, улажувајќи и помош во вистинско време.
– Почувствував изненадувачки налив да проверам што и се случува. Беше тоа како глас кој ми говори „ Потребна си и на својата сестра“, изјави тогаш тинејџерката за медиумите кои се распрашуваа за оваа необична случка.
Ова е само еден пример за наводната телепатија која што постои меѓу близнаците. Истражувањето кое го спровела др. Лин Черкес, генетска аналитичарка, покажува дека еден од пет еднојајчени близнаци доживува облик на телепатија, но и 1 од 10 двојајчени.
Во статијата „Twin Telepathy” се објавени приказни за телепатија меѓу близнаци кои во најмала рака интригираат. Така е забележан случај на двајца близнаци кои имале различни интереси. Едниот бил фудбалер, а другиот гитарист. По неколку месеци близнакот кој се занимавал со фудбал свирел гитара речиси исто добро колку и неговиот брат, иако никогаш не учел да свири.
Во друг случај маж од Тексас во текот на купување почувствувал болка во прстите толку силна што морал да седне. подоцна дознал дека неговиот брат близнак во Њујорк имал срцев удар во исто време. Забележан е и случај кога една девојка паднала од велосипед и го скршила коленото, а на нејзината сестра и отекло истото колено, без никаква причина.
Во некои случаи се случува близнаците да знаат што му се случува на другиот, иако нема никакво логично објаснување за тоа.
Учителката Паула Вомбвел се присетила на невојатна случка кога нејзините близначки имале четири години. Хетер била со мајка и во училницата, додека Кетрин била надвор. Кога Паула ја слушнала Кетрин како плаче, Хетер и рекла дека плаче бидејќи нејзината сестра ја удрил некој со скутер. Иако тоа немала како да го види, навистина било така.
Интересни се и експериментите кои Гај Лајон Плејфер ги извел на телевизија. Во еден од нив тој ставил еден од близнаците на полиграф за да ги мери реакциите, а другиот се наоѓал во звучно изолирана соба. Во истиот миг кога оној во собата ја отворил кутијата од која што излегла гумена змија и се исплашил, неговиот брат имал раст на пулсот како да го доживеал истото искуство.