Полицијата, пожарникарите, брзата помош – во итни ситуации, кога се животи во прашање, овие се теренците, тие што ја прават „прљавата работа“. А кога ќе ја завршат добро и сé ќе заврши со најдобар можен исход, тие се хероите. Нив ги славиме, нив им благодариме.
Ама не се само тие. Најголемите херои можеби се кријат зад слушалката; онаа иста слушалка што ќе ја кренете ако се најдете заробени во стан во кој беснее пожар, а вие сте млада мајка со 4-годишен син. Тој, гласот од другата страна – што со нечовечка благост и смиреност ќе го поминува кошмарот заедно со тебе и ќе се обиде со инструкции да те извлече жив од пеколот – ангелски е. Тој глас спасува исто толку животи колку и хероите на терен.
А тие луѓе – операторите на телефонските линии на итните служби, никој не ги тапша по рамо за да ги охрабри или утеши. Спасениот живот е нивната награда, а секој изгубен – нивната казна. Нивната судбина? Сизифовска.