Телефонски разговор на Радев и Заев: Дијалогот на високо ниво е клучен за градење доверба и решавање на спорните прашања

Дијалогот на високо ниво е клучен за градење доверба и надминување на спорните прашања во односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија. Ова е заедничкиот став на претседателот на Бугарија – Румен Радев и премиерот на Република Северна Македонија – Зоран Заев, кои денеска остваријa телефонски разговор, соопшти вечерва кабинетот на бугарскиот претседател.

Радев и Заев, како што е наведено во соопштението, разговарале за аспектите на билатералните односи меѓу двете земји, за ефективно почитување на правата на луѓето кои отворено се изјаснуваат како Бугари во Република Северна Македонија, како и за нејзината европска перспектива, јави дописникот на МИА од Софија.

МИА

Прочитајте и:  Средба Сиљановска Давкова - Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
- Реклама -