Премиерот Димитар Ковачевски вчера доцна попладне имал телефонски разговор со премиерот на Украина, Денис Шмигаљ, при што му пренел дека сочувствуваме со Украина и истовремено се восхитуваме на храброста со која Украинците ја бранат својата слобода и сувереноста на државата.
„На колегата Шмигаљ му порачав дека Северна Македонија е целосно усогласена со надворешната и безбедносната политика на ЕУ и НАТО, и е во постојана координација за поддршката на Украина. Подготвени сме да ги прифатиме граѓаните на Украина доколку побараат времено засолниште во нашата земја и остануваме во контакт за сите идни активности за поддршка и помош“, напиша утрово на Фејсбук Ковачевски.
Премиерот Шмигаљ, како што додава македонскиот премиер, се заблагодарил во име на граѓаните на Украина за досегашната поддршка и помош.