Телефонски број продаден за 2,222 милиони долари! Погодувате зошто?

Секој си ги пушта нозете колку што му е долга чергата, ама на некои чергата им е долга многу повеќе од неколку милиони долари.

Уште еден доказ за тоа пристигнува од (каде ако не) Дубаи, каде еден шеик потроши 2.2 милиони долари за обичен телефонски број. Додуша, не е толку обичен – тоа е најскапиот телефонски број некогаш продаден. Бројот гласи: 052-2222-222.

Продаден е на една аукција што се одржа во престолнината на Обединетите Арапски Емирати, а компанијата Telekom Du вети дека дел од парите ќе даде во добротворни цели.

Очекуваме шеикот многу набрзо да го продаде бројот, и тоа за ситни пари, бидејќи сме сигурни дека има многу неранимајковци како нас на кои им текнало да му се јават, онака, за да досаѓаат.

- Реклама -