Технолошкиот портал Android Authority сподели информации за нова функција за корисниците на уреди со Android, а која ќе го олесни следењето на „здравјето“ на батеријата.
Според објавеното, Google би можел да почне да ги известува корисниците дека батеријата на нивниот уред е деградирана.
Корисниците на Android во моментов мораат да се служат со надворешни апликации или да користат специјални команди за да го проверат здравјето на батеријата. За разлика од нив, Apple веќе подолго време нуди таква статистика за iPhone.
Според објавеното, Android 14 QPR2 Beta 2 има скриена апликација „Здравје на батеријата“. Иако сè уште не го активира конретниот мерач, кодот покажува дека опцијата ќе го прикажува процентот на наполнетост на батеријата во споредба со времето кога истата била нова.
Откриени се и икони кои укажуваат на известувања за намален капацитет на батеријата или неможност за читање на батеријата. Во делот „Поставки“, се испраќаат совети кога има ажурирања за здравјето на батеријата (кога телефонот не може да ги прочита тие информации).