Трендови: Тексас-здолниште до колена

Веројатно не сте единствените кои помислата на здолниште од тексас до колена ги потсетува на тинејџерските училишни денови, кога ова парче облека се комбинираше со шарени чорапчиња до под колената, бела кошула и рамни чевли. Овој тренд што се појави во текот на седумдесетите години на минатиот век, сезонава наголемо се враќа меѓу модните зависници.

Со оглед на историјата на популарното здолниште од тексас, ретко кој би поверувал дека ова парче облека може да се вметне во комбинација што ќе изгледа шик и женствено. Меѓутоа, летово меѓу славните ова тексасно здолниште е апсолутен хит и тие покажуваат дека и со него може да се постигне елегантен изглед со кој сигурно нема да поминете незабележано. Сепак, многу е важно да внимавате на должината, затоа што ако здолништето е прекратко, нема да изгледате шик и заводливо, туку нападно. Исто така, прекратките здолништата од тексас повеќе не се ин ни во вечерните пригоди. Единственото место на кое може да се појавите во ова парче облека се плажите.

Ако размислувате како најдобро да го носите здолништето од тексас, тогаш како инспирација може да ви послужат Кирстен Данст, Ева Мендез, Кејти Холмс и Џесика Алба. Искомбинирајте го ова лежерно парче облека со едноставна маичка со копчиња и строг крој, за елегантен изглед на работното место, или, пак, носете го обична рамбовка и смел каиш за лежерна дневна прошетка.

За да го претворите во соодветно парче облека за вечерните излегувања комбинирајте го со црна маичка со длабоко деколте и сандали со полна потпетица. Белата кошула е исто така добар избор, како и маичките без прерамки со изрез во облик на срце.

Здолништето од тексас може едноставно да си го направите и во домашни услови со помош на стар пар фармерки. Погледнете го видеото за детални инструкции.

{youtube}kj0hMeXhiys{/youtube}

- Реклама -