Тексас јакните се вратија на модната сцена, поразновидни од било кога.
Различните модели на јакни од тексас се носат во секоја прилика и се вклопуваат во сечиј стил – од романтични модели со цветни детали или чипка, до панк – рок јакни со нитни и кожа.
Модните експерти советуваат комбинирање на тексас јакни за пролет 2015. година. Погледнете седум идеи како да ги носите:
1. „Преголема“ јакна
Зимската сезона во потполност е во знак на „преголемите“ капути и јакни, па така и кога се тексас моделите во прашање, слободно можете да се облечете во два број поголеми. Префрлете ја преку рамениците и искомбинирајте ја со широк џемпер и кратки шорцеви за еден интересен и поинаков изглед.
2. Текас сако
Доколку имате тексас сако, обидете се да го носите со тенок ремен околу половината. Ова ќе ви даде една поинаква нота и нов шмек.
3. Износена јакна
Сигурни сме дека повеќето од вас имаат јакна уште од средношколските денови или сте наследиле некој модел од својата мајка. Носете ја со маица со принт и хеланки.
4. Како кошула
Сосема променете ја поентата на јакната и облечете ја под џемперот на закопчување.
5. Како детал
Ова е едноставен и ефектен трик. Завртете ги ракавите на својата јакна за да го покажете часовникот или алката.
6. Опуштено и женствено
За пријатен и женствен изглед облечете тексас јакна преку црниот фустан, облечете патики и подгответе се за целодневна прошетка низ градот.
7. Деловен изглед
Здолниште до колениците, кошулка со необичен принт, високи потетици и тексас. Совршена комбинација.