Тејлор Свифт: Грда сум без кармин

Познатата кантри пејачка, Тејлор Свифт   не смета дека изгледа убаво без црвен кармин. 24 годишната ѕвезда  е позната со опсесијата кон црвената боја и многу ретко се фотографира  без цреша боја по усните.

„Едноставно сметам дека моето лице изгледа полошо без црвен кармин, не се чувствувам убава. Тоа е единствената причина поради која што речиси секогаш  го носам “, признава Тејлор.

Русокосата убавица вели дека се шминкала на сите начини,  но црвената боја на усните е секогаш присутна, како главен акцент.

Со исклучок на злогласниот кармин, Свифт негира дека во моментов  поседува цел несесер со различна козметика.

- Реклама -