Тејлор Свифт е личност на годината според Тајм

Тејлор Свифт ја завршува оваа година со уште едно признание: поп-ѕвездата беше прогласена за „Личност на годината“за 2023 година, според списанието „Тајм“, победувајќи ги Барби и кралот Чарлс III.

Според Тајм Свифт е избрана за личност на годината затоа што нашла начин да им даде надеж на луѓето ширум светот во овие тешки времиња.

„Никој друг на планетата денес не може да придвижи толку многу луѓе, толку добро“, пишува Time во својот профил.

Списанието, исто така, направи интервју со Свифт, во кое  популарната пејачка откри дека ова е „најсреќниот и најгордиот“ момент досега, но истовремено и дека сега се чувствува и најкреативно, најисполнето и најслободно во нејзиниот живот .

Музичката ѕвезда, чија турнеја Ерас собори рекорди и започна истрага за начинот на кој Ticketmaster продава билети, се најде меѓу личностите како што се поранешниот американски претседател Барак Обама, еколошката активистка Грета Тунберг и украинскиот претседател Влодимир Зеленски, кои го добија ова признание во претходните години.

Списанието „Тајм“ за спортска личност на годината го прогласи фудбалерот Лионел Меси, кој со аргентинската репрезентација го освои Светското фудбалско првенство во Катар.

Во конкуренција за личност на годината, меѓу другите, беа рускиот претседател Владимир Путин, британскиот крал Чарлс Трети, холивудските сценаристи и актери кои штрајкуваат со месеци, кинескиот претседател Ши Џинпинг, обвинителите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, како и филмот Барби за најпознатата кукла на сите времиња – Барби.

Тејлор Свифт изјави дека по тричасовните концерти за време на турнејата Ерас, била физички исцрпена.

,,По серијата одржани концерти не станувам од кревет освен за храна, која потоа ја носам во кревет и така јадам“, изјави 33-годишната пејачка. „Едвај можам да зборувам бидејќи пеев три концерти по ред. Од танцувањето со штикли, чувствувам болка на секој чекор.

Покрај тоа што ја имаше најпродаваната турнеја, нејзиниот албум, беше албум кој најбрзо се продаваше во 2023 година.

Таа неодамна стана првиот текстописец со седум номинации за Греми за песна на годината, надминувајќи ги Пол Мекарти и Лајонел Ричи.

Медиумот ,,Блумберг’’минатиот месец ја прогласи пејачката за милијардерка, проценувајќи го нејзиното богатство на 1,1 милијарда долари.

Само уште тројца музичари се милијардери – Ријана, Бијонсе и Џеј Зи.

Сепак, Тејлор Свифт е единствената која стана милијардерка само преку музиката, додека други направија богатство преку деловни бизниси кои ги имаат во областа на модата, козметиката и музичката опрема.

извор: https://time.com/

- Реклама -