Иако во „Топ тема“ најави повлекување од политиката по изборите, без оглед на исходот, во изјава за „Алсат“ вицепремиерот Кочо Анѓушев јасно порачува дека желбата му е тоа да го направи порано.
Според него, едноставно нема потреба тој да остане на функцијата во Влада која нема мандат да одлучува:
„Значи, јас имам потреба да седам во Влада сѐ додека Владата има мандат да одлучува. Влада којашто нема мандат да одлучува е политичка Влада и во таа Влада јас немам потреба да бидам присутен“, вели Анѓушев.
Прашан техничката Влада ќе биде без Кочо Анѓушев, вицепремиерот вели: „Па еве, тоа останува да го видиме“.
Во разговорот со „Алсат“, Анѓушев објаснува и зошто тврди дека му опаднал профитот и до 50%, наспроти податоците објавени од „Рефлектор“, кои барем навидум го покажуваат обратното. Погледнете ТУКА.