Тажно: Вториот најскап стадион во светот – денес

Судбината на вториот најскап стадион во светот не е блескава како што блескаше тој самиот.

528-милиони долари скапиот стадион беше изграден за потребите на ланското Светско првенство во фудбал, во Бразил. Estadio Mane Garrincha, лоциран во Бразилија, има 72.000 седишта и е втор најскап стадион во историјата на фудбалот – поскап е само Вембли.

451726948-e1425977880344[1]

Сепак, и покрај импресивната големина и дизајн, никој не сака да игра на него. Освен за по некој пријателски натпревар, по светското првенство стадионот воопшто не се користи.

Estádio_Nacional_Brasília[1]

А кога нема ќар, има зијан. Паричната сума потребна за одржување на стадионот на месечно ниво се движи околу 200.000 долари, па локалниот совет беше приморан да преземе нешто околу тоа. Во обид да се генерира барем мал приход, тие го претворија паркингот на стадионот во склад за автобуси – во моментов има преку 400 паркирани возила. Паралелно, советот ги издава собите на стадионот како простор за деловни средби и канцеларии.

B_c3X9gXEAAGa41[1]

Ете, уште еден пример на човечкото мегаломанско расипништво.

- Реклама -