Момците ја оставиле Ирина дома и уживале во машко дружење.
Пред да отпатува за Бразил на Светското фудбалско првенство, нема сомневање дека познатиот фудбалер Кристијано Роналдо ќе го искориси секој слободен момент во друштво на својот син Кристијано Џуниор.
Ѕвездата на Реал Мадрид и неговиот 3-годишен син уживаа на тенискиот меч во Мадрид меѓу Рафаел Надал и Јарко Ниеминема, а таткото и синот поделија и некои слатки моменти. Така фотограферите сликаа како фудбалерот се забавува со белиот шешир кој го ставил на главата на својот син и се фотогорафирале со мобилиот.
Малиот Роналдо веќе покажува интерес да ги следи стапките на татко му, и со своите другари често се забавуваат играјќи фудбал.