Италијанецот Лука Трапанезе деновиве се чини дека е омилен на социјалните мрежи откако една телевизија ја објави неговата приказна посветена на преслатката Алба која има Даунов синдром, а која тој без двоумење ја посвоил.
Таа се сретнала со сериозни потешкотии во животот откако нејзината мајка ја дала на посвојување бидејќи не сакала да се грижи за дете со посебни потреби.
Во текот на неколкуте години додека била во Центарот за посвојување повеќе од 20 семејства ја одбиле, сѐ додека Лука не се појавил.
Лука веќе бил запознаен со децата со Даунов синдром бидејќи долги години работел и волонтирал во разни програми, поконкретно во такви кои пружале нега на деца со овој синдром.
Тој раскажува дека како и секое друго посвојување, и ова било екстремно тешко, што поради документацијата, што поради тоа што тој бил сам, односно неодамна излегол од 11 годишна врска.
За среќа, по неколку месеци работа, тој успеал да ја земе Алба дома, а за неа ќе каже дека во неговиот живот донела повеќе светлина и среќа од било кој друг.
Денеска, двајцата се пример за среќно семејство, а тој како татко на дете со посебни потреби има да каже само дека тие го прават животот уште поубав!