Заштитнички настроената мајка има свои правила…
Синот на познатата Миранда Кер има дадилка кој е со него дури и кога е во посета на неговиот татко, Орландо Блум. Причината за тоа не се сомневањата во способноста на својот поранешен сопруг, туку тоа што сака нејзиниот тригодишен син Флин да има чувство на рутина.
„Не ме сфаќајте погрешно, Орландо е одличен татко. Проблемот е во мене бидејќи сум заштитнички настроена мајка која сака да биде сигурна дека нејзиниот син има се што му треба“, рекла Кер.
Иако тоа можеби звучи чудно, Орландо нема никаков проблем со нејзината одлука. Иако се разведоа по три години брак, тие останаа во добри односи, пишува Yahoo.
„Се слушаме секој ден. Останавме многу блиски и ќе бидеме семејство засекогаш бидејќи се уште се сакаме“, објаснила Миранда.
Како што вели таа, меѓусебното почитување е и причината зошто овој однос функционира.