Една студија покажува дека од возраста на таткото зависи колку ќе биде високо детето. Во современиот свет се повеќе луѓе добиваат прво дете едвај после навршувањето на 30-тата година. Научниците се заинтересирале за едно важно прашање – влијае ли возраста на родителите на здравјето, развојот и способностите на детето.
Специјалистите утврдиле дека децата родени од татковци на возраст од 31-35 години и над 35 години, во просек се повисоки за 2 сантиметри од децата на младите татковци. Покрај тоа, било утврдено дека индексот на телесна маса на децата на мажите што станале татковци по 35-тата година, е најнизок. За жал, добрите вести завршуваат тука. Според научниците, децата на постарите татковци се изложени на други здравствени проблеми. Пример, проблеми со метаболизмот и нивото на холестерол, како и зголемен ризик од развој на кардиоваскуларни болести и дијабетес.
За целта на истражувањето биле истражени 277 деца на возраст меѓу 3 и 12 години, чии што татковци биле на возраст од 19-52 години. Резултатите од истражувањето се објавени во списанието Clinical Endocrinology.