Taтко и ќерка: Видео приказна за вечната љубов

Таткото и вели збогум на неговата мала ќерка, по што  заминува некаде со својот чамец.  Таа станува прекрасна млада жена, има семејство и старее како што изминуваат годините…

Приказната метафорично го симболизира недостигот, љубовта и смртта.

Сликата кога ќерката гледа во него нетпеливо чекорејќи налево – надесно, како да го повикува назад, симболизира дека таа секогаш размислува за него во текот на својот живот.

При крајот кога е веќе постара таа вози точак низ шумата и го згогледува чамецот, што би можело да биде задгробниот живот и желбата повторно да го сретне својот татко.

Татко и ќерка е холандски анимиран краток филм, во режија на Мајкл Дудок де Вит и е добитник на Оскар за најдобар краткок анимиран филм во веќе далечната 2000. година.

Уживајте во видеото што долго ќе го паметите…

- Реклама -