Smartype би била идеална за луѓето кои минуваат повеќе време барајќи букви по тастатурата отколку гледајќи во мониторот.
Но креаторите на оваа тастатура велат дека малиот дисплеј ќе им помогне дури и на искусните корисници бидејќи ќе им дозволи да се концентрираат на копчињата. Примарната намена на дисплејот на Smartype е да го одразува она што е на вашиот монитор во оние полиња во кои пишувате.
Ова се чини излишно за искусни корисници кои ретко погледнуваат кон копчињата но ако сè уште не сте ја усовршиле својата способност за пишување на QWERTY тастатура, овој производ би можел да ја подобри вашата брзина.
И нормално, секоја направа со дисплеј мора да има апликации, па Smartype ветува минималистички верзии на Twitter и Facebook. Производителот сè уште не ја кажува цената – иако тастатурата е достапна за нарачки. Но ако цената надмине 100 долари би било тешко да се убедат потрошувачите дека таа вреди. [KeyView]