Тасевски за Кежаровски: Го искористија како жpтвa и параден коњ, а сега кој го е…

На новинарот Томислав Кежаровски нема да му се суди за случајот „Ликвидација“, поради застарување на кривичното дело за кое беше гонет (откривање на идентитет на заштитен сведок), соопшти на денешното судско рочиште обвинителката Марија Ѓорѓева.

Меѓутоа, за Кежаровски ваквиот исход е скандалозен и рамен на доживотна казна. Тој, како и останатите обвинети, веднаш го покажа револтот и побара шанса да докаже дека е невин и да се избори за ослободителна пресуда, односно, како што рече, да ја докаже вистината.

„Сега сум осуден по втор пат и тоа на доживотна казна затвор, бидејќи немам право да се жалам и да ја барам правдата. Ова значи дека сè било залудно. Засекогаш ќе се закопа и полициската местенка на лажниот сведок во ‘Ореше’ “, вели тој за „Фокус“ (повеќе ТУКА).

Ваквиот исход предизвика и одредени реакции. Еден од оние кои го чувствуваат гневот на новинарот, барем делумно, се чини е и актерот Сашо Тасевски:

„Му застаре делото на Кежо. Нема ново судење. Не може да докаже дека бил жpтвa на полициско, партиско-судски монтиран процес. Зошто? За да не се дојде до главните џeлaти во тој cpaмен процес. Џeлaти кои уште судат, обвинуваат и тренираат строгост. И имаат уште поблескави кариери, отколку во време на Груевски. А бе браво. Во превод, обвинетите со Кежо ќе си останат ни виновни ни невини до крај на животот. Ама виновни малку повеќе, зашто нема разврска. Или го користеа како жpтвa и параден коњ додека дојдоа на власт, а сега кој го e*e. Извини Кежо за ова последново, ама така е“, пишува Тасевски.

- Реклама -