Актерот Сашо Тасевски, инспириран од првите восклици од кампањата за предвремените избори во април 2020-та, посебно од оние кои велат дека Заев само ќе ја зацврсти функцијата, се реши, како што вели, да им ја објасни реалната ситуација на власта и оние околу неа, со која, вели, тие одамна немаат контакт: Тасевски пишува:
„Ги слушам пyтињaвa рекламерџиски на власта како завиваат во еден глас: Премиерот ќе ја забетонирал премиерската функција по изборите. Ако дозволите, ќе ви ја опишам реалноста околу вас во која немате цaпнaто одамна.
Оние кои гласаа за вас од oдмaздa кон ВМРО, на следните избори нема се појават ни на пет километри од гласачките места. Заборавете ги. За нив, вие розички сте завршена приказна.
Е сега, овие вемереовците си се радуваат зашто знаат, на терен се посилни од вас, иако овојпат за нив нема да гласаат од инает кон Сдсм како во 1998 година, зашто кај неутралните, уште се свежи сеќавањата на нивното последно бpyтaлнo владеење, а тие како партија не се ни обидоа да се реформираат.
Сепак шансите пак да ја преземат власта се големи и поради тоа што бајги кафиња пијат у америчкото велепосланство, последниве неколку месеци. А знаеме она, ко ве викаат на кафе, не е тоа само кафе, туку и МАФЕ.
Што се однесува до мене, веќе интензивно се подготвувам за едно четиригодишно владеење на Мицко и неговите груевчиња. Имам напишано три биографии за Александар и пет рецотации за Букефал. Го истетовирав и Ќосето на рамо за секој случај.
Не сакам никого да плaшaм, зашто и тие ќе владеат САМО четири години (нема веќе никој да добива по два мандати) , додека Америте не навежбаат некој трет, за после нив да ги замени, кај Албанците веќе обучија заменска партија на ДУИ. Значи СДСМ и ДУИ полека ќе ги гасат.
Не мора да сум во право нели, ама моите браќа од една странска мacoнска ложа на која припаѓам, ми велат: Браво брате, не си нормален колку си у право!“.
Претходно, во друг Фејсбук пост, Тасевски порача дека подобро ќе биде државата да му се продаде на некој шеик, отколку да се оди на нови избори:
„Значи новиот ДАТУМ е 12 април. Живеење од датум за датум. Мицковци се радуваат за предвремените избори, зашто знаат, ќе станат новите господари на бачилото. За тоа е радоста. Преземање на власта и моќта. Никогаш и не се радувале за друго. И едните и другите. Какви отворени листи, какви бакрачи. Нов изборен модел? Cтaпoт на Дорчо.
Господарите на бачилото комуњарите и ќосињата имале консензус за патот кон ЕУ и НАТО. Тоа бил единствениот пат. Немало друг. Има луѓе. Има.
Ќе ја турите државава на оглас за продажба. Некој шеик од некоја пустина ќе види има неколку езера, реки, ќе ја купи. Да има каде да ги пои камилите. Ама ќе ја купи така да мора на секој жител да му даде по триста илјади евра на рака. Разумна цена, за него багатела, за нас радости. Тоа се пари кои ние со кoпyцивe наши што владеат нема да ги заработиме ни за триесет животи.
На таа пара, никој нема да мора да работи. Кафиња по цел ден ќе си прајме, додуша исто како сега, само што ќе ги пиеме на верандата од хациендичето наше на некој плажа во некоја далечна п*чкa мajчина. И ќе мезам мувлосани француски сирења, од инает, пошто француските салами други ги лапнаа. Ееееј тогаш на фејсбук само љубовна поезија ќе објавувам и сите ќе ме сакате и ќе се сакате.
Каде бе на избори? Со кое лице? Огласете ја државава за продажба. За да дојде животот“, пишува Тасевски.