Тарчуловски со апел до дијаспората: Ако сега не гласате, цел живот ќе ве тлее нервоза дека не сте помогнале кога се решавала судбината на татковината

Кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчуловски, ги повика иселениците на 15-ти јули да дојдат да гласаат. Според Тарчуловски, на денот на изборите ќе се  решава судбината на Македонија.

„Браќа и сестри Македонци, кои се наоѓате ширум белиот свет, од Америка до Австралија, од Канада до Нов Зеланд денеска се наоѓам во Штип на легендарниот Исар во срцето на Македонија. Сакам да ви упатам еден апел, сите заедно да дојдеме на 15-ти, да гласаме, да гласаме затоа што е датум кој е судбина на Македонија, кога се решава судбината на Македонија.

Вие македонските иселеници ако не бидете тука и не помогнете, за цел живот ќе ве тлее една нервоза, една капка крв во себе која ќе каже дека во најтешкиот момент кога се решаваше судбината на татковината, вие не дојдовте и не помогнавте на татковината.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ

Затоа, уште еднаш ќе ве повикам, браќа и сестри, горди Македонци, 15-ти е датумот кога се решава судбината на Македонија, 15-ти е датумот да се биде или не, на 15-ти се решава дали ќе бидеме Македонци или дали сами ќе решаваме за судбината на Република Македонија“, повика Тарчуловски.

- Реклама -