Таравари за МИА: Имаше разговори да бидам претседателски кандидат, но не сум заинтересиран

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари во куса изјава за МИА ја потврди дека партиите од албанската опозиција му предложиле тој да биде нивен кандидат за претседател на претстојните избори, но истакна дека тој не е заинтересиран.

-Албанската опозиција има разговарано со мене јас да бидам претседателски кандидат, но јас не сум заинтересиран, рече Таравари.

Претседателот на Движењето Беса и градоначалник на Општина Тетово, Биљал Касами во синоќешното гостување во емисија на Радио Телевизија Косово нагласи дека е разговарано со претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари тој да биде претседателски кандидат.

-Да, разговарано е со Таравари да биде претседателски кандидат и се гледа како соодветен албански кандидат на овие избори, потенцираше Касами.

Претседателот на Алијанса Таравари на Фејсбук демантира дека имал средба во ВМРО-ДПМНЕ посочувајќи на општествената одговорност на медиумите.

Прочитајте и:  (ВИДЕО) Кои се пријателите на ВМРО-ДПМНЕ Кои се пријателите на Доналд Трамп?

– Информациите објавени вчера во националните медиуми за паркиран автомобил кај штабот на ВМРО се обид да се оцрни мојот имиџ. Никогаш не сум одржувал и не одржувам тајни состаноци бидејќи политиката ја сметам за јавно добро, затоа сметам дека средбите треба да бидат јавни. Овој факт на дезинформација ме натера да се чувствувам лошо за нивото на новинарство кое денес повеќе од кога било е повеќе сензационално отколку професионално. Општествената одговорност на медиумите како четврта сила е многу висока, затоа заедно со професионална комуникација се трудиме да придонесеме за општеството во кое живееме, напиша на Фејсбук Таравари. 

- Реклама -