Таравари: Институциите да одговорат што се случило, иако мислам дека од почетокот господинот Рамадани не требаше да се затвори

Министерот за здравство Арбен Таравари одговорајќи на новинарски прашања во Тетово, рече дека очекува институциите да дадат одговор што се случило со Блерант Рамадани, кој беше приведен по барање на Интерпол, па по добиен домашен притвор сега е слободен.

– Вчера прочитав дека Рамадани не е во Македонија. Како и да е, мислам дека од почетокот, господинот Рамадани не требаше да се затвори. Меѓутоа треба да го прашате господниот Абази, јавниот обвинител, зошто остана предолго па после му се овозможи домашен притвор. Сега се надевам надлежните институции ќе кажат што и како се случило, рече Таравари.

На прашањата на теми од здравството, Таравари рече дека недостатокот од кадри во областа ќе се надминува и со средно медицински кадар и со доктори.

Прочитајте и:  Таравари: Новата компресорска станица ќе биде готова за четири месеци, евентуалните жалби на изборот на изведувач не се добронамерни

– Не само во Тетово, генерално секаде, има недостаток посебно на средно медицински кадар. Ние ќе се обидеме, знаете во овој период со 300 доктори специјализанти ќе се обидеме да бидат ангажирани. Меѓутоа и средно медицински кадар ќе се обидеме да ангажираме. Се надеваме дека донекаде недостатокот на кадар ќе се покрие, изјави се надева Таравари.

Министерот рече дека по објавената јавна набавка за компресорски систем за хируршките клиники во Скопје сè уште нема информации дали има пријавено заинтересирани фирми. 

- Реклама -