Таравари денеска ќе потпише решенија за разрешување на економски директори во Клиничкиот центар

Новиот министер за здравство Арбен Таравари најави дека денеска ќе почне со разрешување на економски директори на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ на кои им е истечен мандатот и оти постапката ќе продолжи и за другите кои вршат ваква функција, но откако ќе се направат потребните законски измени.

-В.д економски директори се 14, веќе дадов наредба во Министерството, јас ќе одам до Штип, да ја видиме болницата таму, се враќам да ги потпишам. Денеска се разрешуваат одреден број економски директоири на кои што им завршува вд мандатот некаде до средина на јули. Сите ќе бидат разрешени. Тие што се со мандат, ќе ми треба измени во законот, веќе е дадена нардба што побргу да оди во Парламент измената на законот, да нема повеќе економски директори. Сметајте, за мецес-два веќе ќе нема економски директори ниту со закон, рече Таравари непосредно по преземањето на должноста, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на хируршките клиники во Клиничкиот центар.

Таравари најави дека денеска ќе бидат разрешени седум-осум директори, а наредните денови, како што рече, ќе види за тие што имаат мандат до 8-ми, 9-ти месец, бидејќи не сака да ризикува тужби за Министерството.

Прочитајте и:  (ВИДЕО) Кои се пријателите на ВМРО-ДПМНЕ Кои се пријателите на Доналд Трамп?

Во две – три клиники каде во моментов има само организациски, а нема медицински директори меѓу кои и неговата матична Клиника за неврохирургија, Таравари најави дека утре, а најдоцна деновиве, ќе бидат назначени нови медицински директори, вклучувајќи и ја и Клиниката за токсикологија.

Во однос на иницијативата за спојувањето на Клинички, Таравари изјави дека е добро тоа да се заврши што е можно побрзо, но потребно е процесот да се одвива синхронизирано.

-Не треба да се брза, мислам дека за една година максимум ќе бидат споени. Ни требаат нови систематиизации да не настане хаос, не би сакал да има повторно дисфункционалност, да биде се синхроинизирано, и јас ќе се обидам што поскоро да го озраиме спојувањето на Клиничкиот, рече министерот за здравство Таравари.

Таравари на трибина на коалицијата Вреди, пред изборот на новата Влада, најави дека како министер за здравство штом ја презеде функцијата,  ќе се заложи за разрешување на економските директори на клиниките, за кои рече близу 90 отсто се в.д. директори, а за останатите кои се со решенија ќе поднесат Предлог измени на законот за веќе да не постојат економски директори. 

- Реклама -