Таравари: Ако не се промени Уставот можна е радикализација на Албанците и идеи за реорганизација на државата

Ако нема уставни измени и не бидат внесени Бугарите во преамбулата, и со тоа се загрози европската перспектива на Македонија, можна е радикализација на Албанците и „појава“ на идеи за реорганизација на државата – „предупреди“ лидерот на Алијанса за Албанците – Арбен Таравари.

„Можно е да се случи радикализација на албанските партии ако биде загрозена европската перспектива на Северна Македонија. Може да пораснат фрустрациите кај Албанците и може да се појават нови идеи за реорганизација на државата. Ќе влеземе во еден маѓепсан круг од кој нема да можеме да излеземе“, изјави Таравари во интервују за ТВ „Шења“.

Повикувајќи го лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, за кого рече дека има „нејасна визија“ за европската иднина на земјава, „да биде искрен и да каже што ќе се случи со Македонија“ ако годинава не ги почнеме преговорите, Таравари оцени дека „ќе влеземе во еден маѓепсан круг од кој нема да можеме да излеземе“.

Прочитајте и:  Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување
- Реклама -