Квентин Тарантино е познат по насилството во неговите филмови, а кога внимателно би започнале да ги пребројувате „неговите жртви“, резултатот би бил: 563 усмртени луѓе.
Филмот со најмногу убиства е „Inglorious Basterds“ од 2009-та година, додека тој со најмалку насилство во него е неговиот трет филм од 1997 година „Jackie Brown“.
Пиштолот е главно средство за убивање во филмовите на Тарантино, и е неизбежен детаљ во сите негови филмови освен во „Death proof“.
Погледнете ја деталната листа:
„RESERVOIR DOGS“
11 мртви (сите со пиштол)
„PULP FICTION“
7 мртви (шеторица убиени од пиштол, еден со самурајски меч)
„JACKIE BROWN“
4 мртви (сите со пиштол)
„KILL BILL VOL 1.“
62 мртви (55 со самурајски меч, тројца со пиштол, по еден со нож, врата, даска со шилци и скалпирање)
„KILL BILL VOL 2.“
13 мртви (9 со пиштол, по еден со змија-отровница, вадење очи и прочуениот “Five point exploding hearth tehnique”).
„DEATH PROOF“
6 мртви (петорица во сообраќајки, еден, човек против човек)
„INGLORIOUS BASTERDS“
396 мртви (396 во пожар, 47 со пиштол, тројца со скалпирање, двајца удавени, двајца со гушење, двајца со нож и еден со безбол палка)
„DJANGO UNCHAINED“
64 мртви (41 со пиштол, 20 со експлозив, еден од кучиња, еден човек против човек)