Тапанот во акција, ечи „Македонија“ и во Амстердам (ВИДЕО)

Откако фалангата остави силен печат во Букурешт, дел од атмосферата се пресели и во Амстердам.

Предводени од новиот тапан на штипјанецот Тоше Цебов, македонските навивачи и пред „Јохан Кројф“ арената неуморно скандираа „Македонија“ и ја пееја химната, но и македонски песни, како „Македонско девојче“.

Она што е евидентно е дека досегашните два порази воопшто не се одразија на поддршката за нашите фудбалери. Сепак, Македонија игра на ЕП!

- Реклама -