Ник Мејсон поседува една од најимпресивните колекции на автомобили.
Тапанарот на Pink Floyd има персонално богатство од 100 милиони долари и може да си дозволи да купи доста луксузни возила.
Тој е единствениот член на групата, кој е дел од нејзиниот прв состав од 1965 година. Мејсон ги чува своите автомобили во два хангари во Англија. Иако звучи просторно, автомобилите се паркирани еден крај друг со сосема мал простор за шетање меѓу нив.
Највредниот автомобил во неговата колекција е Ferrari 250 GTO од 1962 година. Во светот има само 39 примероци од овој модел. За овој автомобил Мејсон добил понуда од 35 милиони долари, но тој одбил да го продаде, а лично го купил во далечната 1973 година само за 54 000 долари. Ник има уште и зелено Ferrari BB / LM со капацитет од 440 коњски сили, што го купил од менаџерот на групата, Стив О’Рурк. Има уште и Ferrari 512S Le Mans, Bugatti од 1920 година, Jaguar D-Type, 599 GTO, модел F40, Ferrari Daytona, McLaren GTR, McLaren F1, Bugatti Type 35 од 1925 година, 1962 Birdcage Maserati, 1902 Panhard Levassor, Aston Martin LM18 Le Mans и др.