Кој вели дека неможе да постои уметност и во науката?!Во конкретниов случај се работи за ферофлуидот кој е течност што станува супермагнетизирана во присуство на магнетно поле. Содржи неверојатно мали честици на магнетна супстанца. Најчесто употребувани метали се железото и кобалтот. Овие честици се доволно мали што остануваат во течна состојба дури и кога се изложени на магнет.
Оваа неверојатна течност дозволува широк распон на модификација на нејзините својства, како што се спроводливоста, густината, стабилноста, а тоа ја прави особено интересна и привлечна.
Погледнете како тоа изгледа: