Таму каде московските таксиња одат да умрат (ВИДЕО)

Необична сцена од Москва. Стотици жолти такси автомобили на компанијата Yandex Taxi оставени „да умрат во мир“, иако на прв поглед е јасно дека се работи за модели што се далеку од стари.

Доминираат Ford-ови, претежно моделите S-Max и Focus, но ќе најдете и Hyundai Solaris, Škoda Rapid и други. Тоа што нема да најдете е автомобил што е постар од 4-5 години.

Добар дел од автомобиливе се на продажба како половни возила, но сепак, повеќето веројатно ќе завршат неславно.

Ако ве чуди како една компанија може да си дозволи ваков луксуз (да фрла практично нови автомобили), доволно е да знаете дека Yandex Taxi е најголемата компанија за превоз на патници во Русија и има флота од околу 20.000 автомобили. Овие на „гробиштава“ се само капка во морето.

 

- Реклама -