Тамара ќе носи црвен фустан на својата венчавка

Популарната поп-пејачка Тамара Тодевска и нејзиниот свршеник, поранешниот кошаркар Александар Димитровски- Мачка ја планираат својата свадба за кон почетокот на летото.

Како што дознава Убавина и здравје, од извори блиски на популарната двојка, Тамара воопшто не се „потресува“ околу подготовките на венчавката и не наликува на типичните неодлучни невести.

Screenshot_26

-Тамара е многу релаксирана во однос на претстојната венчавка. Нејзините најблиски се многу повеќе вознемирени дали сè ќе биде како што треба. Таа порача да ѝ се направат три венчални фустани, кои ќе бидат дело на тројца еминентни модни дизајнери. Вечерта, за време на прославата, планира да носи црвен фустан, а не класична венчаница“, открива изворот за Убавина и здравје, и додава: „Датумот во црква го потврдија, така што тоа е средено. Претпоставувате, венчавката ќе се одржи во ресторанот „Атланта“, каде што еден од сопствениците е нејзиниот иден маж. Бидејќи времето ќе биде топло, гостите ќе ги сместат на терасата на ресторанот, каде што планираат и поставување на многу необична бина. Сè уште не го утврдија конечниот список на гостите, но се претпоставува дека ќе имаат 500-600 гости.

Screenshot_27

Земајќи предвид дека и Тамара и Мачка имаат широк круг пријатели, сигурно дека ќе сакаат сите да ги поканат на можеби најубавиот ден од својот живот. Што се однесува до музиката, Тамара потврди дека ќе има диџеј, но и блех-музика. Најголема желба ѝ е таа вечер гостите да ги забавува нејзиниот омилен пејач Бајага, па се надеваме дека ќе биде така. Кумот Сефер Цановски и старосватицата Катарина Ивановска одвај чекаат да го стават својот потпис пред матичарот, вели изворот за списанието.

- Реклама -