Младата пејачка Тамара Грујеска од Гостивар која неуморно го гради својот пат во светот на музиката, повторно ја израдува публиката со нова песна која носи наслов „Насмевни се“, а со видеозапис беше промовирана попладнево.
Музиката и аранжманот за синглот се дело на Роберт Билбилов, додека текстот го напиша Робин Зимбаков. Видео спотот е во режија на Огнен Шапковски и Мелем продукција, а е снимен на повеќе локации во Скопје и дел во студиото Prolight.
„Се чувствувам среќно, задоволно и исполнето после остварување на еден ваков голем проект зад кој стојат големи имиња на македонската естрада. Текстот носи одлична порака и во него може секој да се пронајде. Во секого од нас постои сонце, потребно е само малку волја и насмевка и животот станува поубав.“, вели Тамара.
Видеозаписот го збогатуваат членки на балетското студио Ребис под водство на Леона Танасковски. За сценската изведба, кореографијата и дел од гардеробата беше задолжена Љупка Јакимовска, додека дел од креациите се на модниот бренд Ivasapasovskaatelier, сите и претходни соработници и партнери со тимот на младата гостиварка.
Еве како Тамара повикува „Насмевни се“!