Можеби не сте знаеле, но талогот од кафе има повеќе намени. Оваа магична смеса можете да ја искористите во градината или за нега на вашата кожа.
Прочитајте на кој начин можете да го искористите…
За мирис
Ако на рацете имате непријатен мирис од нешто, низ прстите истријте малку талог и тој веднаш ќе го неутрализира. Исто така доколку имате некоја непријатна миризба во фрижидерот ставете го талогот да се исуши во некој сад, а потоа ставете го во фрижидерот и на тој начин ќе ги неутрализирате мирисите.
За растенија
Ако дома одгледувате камелии во земјата добро е да го ставите остатокот од вашето кафе, односно талогот.
Ги одбива инсектите
Ставете талог од кафе на местата каде што имате проблем со мравки. На тој начин ќе ги држите понастрана од својот дом. Ист е и случајот со полжавите, односно другите инсекти.
Како боја
Ставете го талогот во топла вода и на тој начин веднаш ќе добиете боја со која можете да обоите ткаенина, хартија, па дури и јајца.
Отстранување гребаници на мебел
За да ги отстраните гребаниците на дрвен мебел измешајте малку талог кафе измешано со паста за полирање и топла вода. Поминете го мебелот и повторувајте ја постапката додека површината не се изедначи со остатокот од мебелот.
Средство за чистење
Кафето е одличен начин за чистење на масни и валкани површини. Користете го само талогот или во комбинација со него ставете малку детергент за садови и добивате одлично средство за чистење.
Ги одбива домашните миленици
Ако не сакате вашата мачка да ги допира сите можни растенија во вашата градина измешајте малку талог од кафе со кора од портокал кај оние растенија со кои не сакате да биде во допир.
Поголем род кај морковите
Измешајте свеж талог од кафе со ситните семки од моркови кога ќе ги садите и ќе имате подобар род, а ова ќе ви помогне и да го заштитите морковот од црви.
Ја задржува прашината
Пред да почнете да го чистите каминот, фрлете малку талог од кафе преку пепелот за да спречите прашината да се крева низ просторот.
Намалување на целулит
Талогот од кафе може да ви помогне во битката со целулитот. Тоа се употребува во разни рецепти за борба против целулитот, а има и производи кои се базираат на кафе токму заради оваа негова способност.
Решете се од мравките во станот
Доколку не можете да се решите од мравките или другите инсекти во станот, ставете талог на местата на кои што се собираат.