Кабул, 20 август 2021 (МИА) – Талибанците воведоа полициски час во Кабул, при што никој не смее да го напушти домот од 21 часот до зора, освен во итни случаи.
Талибанците објавија телефонски броеви во случај граѓаните да мора да излезат за време на полицискиот час.
Не е познато до кога ќе биде во сила полицискиот час.
Во доверлив документ на Обединети нации се наведува дека талибанците трагаат за лицата кои соработувале со американската армија и со НАТО и покрај ветувањето дека нема да се осветуваат на нивните противници.