Кабул, 19 мај 2022 (МИА) – Авганистанските медиуми денеска објавија дека талибанците издале наредба новинарките на телевизија да се појавуваат со покриени лица.
Талибанците наведоа дека новата наредба е конечна и „не е за дискусија“.
На социјалните мрежи се појавија фотографии од водителки со покриени лица.
Еден авганистански телевизиски продуцент изјави дека според новата наредба, лицата на водителките мора да бидат покриени „за да им се гледаат само очите“.
Талибанците сè уште не издале јавно соопштение за наредбата, што уследи набрзо откако беше воведено правилото дека жените мора да го покриваат лицето на јавно место.