Талибанците формираа баталјон од бомбаши-самоубијци за да ги чува границите со Кина и Таџикистан

Кабул, 3 октомври 2021 (МИА) – Талибанците формираа специјален баталјон од бомбаши – самоубијци на северот од земјата, за заштита на границите со Кина и Таџикистан, изјави заменик-гувернерот на провинцијата Бадакшан – Мула Нисар Ахмад Ахмади.

„Специјален одред за самоубијци по име Лашкар-е Мансур ќе биде распореден на границата со Авганистан“, изјави гувернерот, цитиран од локалната новинска агенција Хама Прес.

Бомбашите-самоубијци од овој одред учествуваа во терористичките напади врз силите на соборената влада и членовите на меѓународната коалиција, предводена од Соединетите Американски Држави.

Откако САД објавија повлекување на своите војници од Авганистан, талибанците започнаа голема операција за преземање на контролата над земјата и на 6 септември објавија дека е обезбедена целосна контрола на целата територија на Авганистан, а следниот ден ја претставија новата влада составена само од членови на движењето.

- Реклама -