Македонија отсекогаш имала респектабилни фудбалски таленти, но од повеќе причини, меѓу кои и полошите услови од своите врсници низ Европа, само мал дел од нив направија повпечатлива кариера и стигнаа до забележителни успеси.
Никола Секулов, фудбалерот кој настапуваше за Македонија, но реши да ја промени репрезентацијата, отвори ново поглавје во својата кариера и потпиша професионален договор со италијанскиот калчолигаш Јувентус.
17-годишниот Секулов кој е по потекло од Струмица важеше за голема иднина на мак-фудбалот, но поради несогласувања со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) реши да го искористи правото да игра за Италија, земја во која е роден.
Останува да видиме дали Јувентус ќе го вклучи меѓу играчите регистрирани за новата сезона во Серија А.
Фудбалерот на Јувентус кој е роден во Пјаченца во минатото играше за селекциите на Македонија, најмноду до У17, но по конфликтот со ФФМ, доби повик да игра на официјални мечеви за Италија и според спортскиот пасош во иднина ќе настапува само за „аѕурите“.