Ако некогаш му пропадне актерската кариера, Роберт Дауни Џуниор го очекува светла иднина на рок ѕвезда.
Две години старото видео стана вистинска интернет сензација во последните неколку дена, а во него се прикажува како славниот актер го изведува големиот хит на групата The Police ‘Driven to Tears’ по повод роденденот на Стинг.
Многу обожаватели на познатиот ‘Iron Man’ беа воодушевени од неговите вокални способности, а многумина коментираа дека не знаеле дека актерот го поседува овој талент.
Видеото на Youtube има повеќе од 600 000 погледи, а Роберт Д. Џуниор докажа дека без проблем може да распродаде свој концерт, ако некогаш се одлучи на таков чекор.