Домаќинката на America’s Next Top Model изгледаше прекрасно на забавата Summer TCA CBS Showtime CW Party во Беверли Хилс.
39-годишниот супермодел Тајра Бенкс се појави во екстра тесен чипкан црн фустан со длабоко деколте. Шампионката на доброто позирање, Тајра изгледаше како едвај да стои исправено на црвениот килим плашејќи се да не и пукне фустанот. Како и да е, изгледаше прекрасно. Целиот изглед најмногу го истакна шминката која ја направи да изгледа екстра секси.