Тајните на стилистите за храна

Речиси секоја фотографија во маркетингот на храна е манипулирана, а во суштина ништо не е како што изгледа. Улогата на стилистот е, преку внимателно и уметничко аранжирање на храната, да ја направи неодоливо привлечна за конзумерите. Меѓу другото, тој мора да поседува и визуелно знаење и способност да ги пренесе вкусот, аромата и привлечноста на храната во финална дводимензионална фотографија. Покрај кинематографските и фотографските трикови (романтично светло, плитки агли, селективен фокус, искосени чинии и блиски кадри), при гламуризацијата на производот, стилистите на храна се користат и со неколку валкани. Еве неколку од нив:

 

1Кафето, чајот, газираните пијалоци, па дури и млекото често се подготвуваат со меурчиња од сапуница, нанесени со цевка.

 

2bХамбургерите и сендвичите најчесто поминуваат долга селекција пред да биде одбран идеалниот примерок,  а сусамот се нанесува со пинцета и малку лепак, за да ги прикрие сите несовршености. Најчесто, стилистите издвојуваат по неколку примероци, во случај да му се случи нешто на „главниот херој“. Слоевите меѓусебно се споени со чечкалици, во спротивно би се растуриле.

 

3Храната на катови, како палачинките, обично содржи картон помеѓу слоевите, напрскан со водоотпорни средства за заштита на ткаенините од дамки, со цел преливот да се излева од страните наместо да биде впиен во тестото.

 

4Мисирките и печените кокошки се сурови во внатрешноста. Најчесто се полнат со хартиени крпи за да го зачуваат волуменот. За крцкавиот изглед се користи боја за храна и малку попрскана вода, а се печат со апарати за заварување.

 

5Растопениот путер најчесто се нанесува со вжештена шпатула или се користат апарати со загреана пареа. Храната на која се нанесува, обично е веќе одамна оладена.

 

6Сладоледот е обична смеса од масти и шеќер во прав, а разните вкусови се симулирани со боја вештачки бои.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

 

7Топеното сирење, всушност, е на неколку секунди потопено во загреана вода, што му дава сочен изглед и ќошеви што се разлеваат.

 

8aСовршените траги од печење на скара се прават една по една, со помош на разредувач за боја. Некои стилисти користат вжештени решетки и со нив ја жигосуваат храната што се фотографира.

 

9Чудно, овошјето никогаш не потемнува. Тоа е затоа што претходно се мие во ладна вода со вештачки производи како „Fruit Fresh“, што го прават да изгледа свежо. Малку лимонов сок во водата има сличен ефект. Некогаш се користи и кармин, за да се покријат белите места на јагодите, на пример.

 

10За да изгледа попримамливо, сланината обично се намотува на цилиндрични предмети или се пече на брановита алуминиумска фолија, а на крајот се попрскува со масло за да добие посочен изглед.

 

12aБидејќи мразот би се стопил под жештината на рефлекторите, стилистите користат моделирани пластични коцки што чинат дури и до 50 долари парче. Ладните пијалоци се најчесто смеса од гранулиран гел и вода, а кондензацијата на чашите е всушност напрскан пченкарен сируп.

 

13aСалатите постојано се прскаат со вода и масла за да изгледаат свежи, а се сервираат во бели чинии, за да не се дефокусира конзумерот од разновидноста и убавината на изложените состојки.

 

14Дури и природата се стилизира. Во еден таков случај, кога стилистот со екипата пристигнал на местото на фото-сесијата, сфатил дека лимоновото дрво нема доволно плодови. Тоа воопшто не било проблем, бидејќи од искуство, тој знаел дека треба да обезбеди конец и неколку екстра лимони, што фино и културно ги зашил по гранките.

 

 

- Реклама -