Случаен минувач во Лондон пронашол УСБ-стик на којшто биле снимени тајни документи и скици во сопственост на „Хитроу“.
Во меморијата на УСБ-стикот имало мапи на движење, доверливи документи, безбедносни мерки за заштита на Кралицата и податоци за вработените лица во службите на аеродромот „Хитроу“.
Поради ова, од раководството на аеродромот најавиле интерна истрага, со цел да се дознае кој снимил доверливи податоци без истите да ги заштити, но и да се спречи натамошно повторување на истото.