Volkswagen Beetle познат кај нас како „буба“ е меѓу легендарните модели на светската автомобилска историја.
Ова е автомобилот што ја направи германската марка „народна“ своевремено и во себе крие многу тајни, а еве една од нив?
Првиот модел наречен Käfer (бубачка на германски), се појавува во 1938-та година и благодарение на својата ниска, навистина народна цена станува исклучително популарен. Но, овој модел има една тајна која не секој, дури и најверниот фан на брендот едвај ја знае …
Прскалката за ветробранското стакло на Volkswagen Beetle не се напојувала со електрична пумпа, како што е масовно кај автомобилите, туку од притисокот на воздухот во резервната гума, која се наоѓала напред во багажникот на автомобилот! Благодарение на нејзиниот воздушен притисок се создавал и оној потребен за казанчето со водата за прсскалките. За да работи секогаш системот морале од време навреме да се допумпува резервната гума.
Се разбира, последователно во Волфсбург се откажале од оваа технологија, но тоа не ја попречило “бубата“ да стане еден од најдобрите масовно произведени во светот автомобили – направени се околу 23.500.000 единици.