Околу 250.000 Амиши живеат во САД, претежно во Пенсилванија.
Секоја година нивната заедница ја посетуваат 20 милиони американски туристи. „Англичани“, како што ги викаат Амишите, или „оние другите“. Светот на необичната, таинствена и самостојна религиозна секта, ги дели луѓето на нив и на останатите.
Амишите за себе велат дека живеат во овој свет, но не се од него. Тоа е првата надреална сцена од двочасовниот документарец од серијалот American Experience, „Амиши“, првиот кој сосема, со нивната дозвола, го разоткрил нивниот свет.
„Во 23 години и триста снимени филмови за Амишите, овој беше дефинитивно најтешко да се направи“ – вели Марк Самуелс, извршен продуцент на American Experience.
Амишката црква е дел до анабаптистичката традиција, односно традицијата на слободните цркви. Поголем дел од историчарите го делат христијанството на римокатоличко, прваославје и протестантизам. Самиот протестантизам пак, се дели на четири дополнителни традиции: евангелистичка или лутеранска црква, реформирана (презбитеријанска) или калвинска традиција, англиканска традиција и слободни цркви, на кои им припаѓаат и Амишите.
Тие се издвоиле од Европа пред 300 години, во времето на протестантската реформација. Црквата ја основал Јакоб Аман, како засебен анабаптистички огранок во Швајцарија и источна Франција. Тие верувале дека секој верник на црквата треба да ја има одлуката со слободна волја да стане припадник на одредена вера, односно да се крсти кога е веќе возрасен, а не како дете. Но крштевањето во возрасна доба се смета не само за грев, туку и за злостор кој се казнува со смрт, поради што и многу Амиши починале како маченици.
Тоа искуство е запишано во ДНК-та на амишката култура и историја. Слично е на искуството на ропството во Америка или на Холокаустот на Евреите. Од таму Амишите имаат чувство дека се одвоени од останатите, дека се малцинство, и од таму им е внимателноста дека надворешниот свет повторно би можел да им стори нешто такво.
Иако е против нивните правила да се снимаат и фотографираат, тимот кој го снимал документарецот успешно ја завршил својата цел – да го прикаже одблизу тајниот живот на оваа изолирана група.