Тајни за виткост од целиот свет

ОброкЌе се изненадите колку многу тајните за виткост на различните народи се поврзани со исхраната и здравите навики, а колку малку со редовното вежбање. Па, ако сте скарани со вежбањето, прочитајте како Јапонците, Французите, Финците и медитеранските народи остануваат витки.

Ќе се изненадите колку многу тајните за виткост на различните народи се поврзани со исхраната и здравите навики, а колку малку со редовното вежбање. Па, ако сте скарани со вежбањето, прочитајте како Јапонците, Французите, Финците и медитеранските народи остануваат витки.

Оброк1. Престанете со јадење пред да се заситите. Јапонците кои живеат во областа Окинава имаат најмал индекс на масни наслаги од сите луѓе на планетава. Тие имаат тајна која се вика хара хаши бу. Нивната традиционална исхрана предвидува да престанете со јадење кога ќе биде 80% најадени. Никој не вели дека треба да останувате гладни, но имајте на ум дека желудникот е орган кој има способност за речиси неограничено ширење и истиот се проширува за 20% секогаш кога ќе се прејадете.

2. Префрлете се на здрави масла.
Салатите направени со маслиново масло се повкусни. Тоа значи дека ќе изедете повеќе зеленчук ако употребите маслиново масло. Тоа пак ви дава јасна слика зошто медитеранските народи се повитки.

3. Кога јадете, не правете ништо друго!
Америка е земјата која има најголем проблем со прекумерна тежина во светот. Голем дел од тој проблем се должи на мултитаскинг оброците. Затоа, не јадете пред телевизор, не решавајте задачи во текот на оброкот, ако можете, дури и избегнувајте разговор. Така ќе можете да се фокусирате на храната и гладот побрзо ќе ве напушти.

4. Движете се.
Азијците се послаби од жителите на другите континенти од проста причина што се движат далеку повеќе. Спротивно на тоа, луѓето од западните култури се качуваат во такси и за пат од 1 километар, некогаш и помалку.

5. Јадете со други.
Групната исхрана е традиционална во многу култури. Истата е добра за виткоста. Имено, кога јадете со друштво, повеќе се контролирате, внимавате на постапките, што значи јадете побавно. А кога јадете бавно, тогаш поголема е веројатноста на време да забележите дека сте сити.

6. Јадете редовно.
Французите ја одржуваат својата фигура благодарение на фактот дека речиси без исклучок јадат по 3 оброци дневно. Можеби ви изгледа умно да скокнете оброк зашто тоа го намалува внесот на калории, но верувајте, не е. Од една страна организмот автоматски ви го забавува метаболизмот за да заштеди енергија, а од друга, се јавува инстинктот за заштита од глад и поради него, голема е веројатноста да се прејадете за време на следниот оброк.

7. Напијте се чаша вино.
Французите и медитеранските народи уживаат во добра чаша вино за време на оброците. Храната во овие земји е помрсна од некои други земји, а сепак во нив има помал процент на кардиоваскуларни заболувања. Тоа се должи на фактот што виното е одличен антиоксиданс. Иако се мисли дека кога се пие алкохол се јаде повеќе, едно истражување во Финска покажало оти мажите што пијат вино се послаби од оние кои апстинираат.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината
- Реклама -