Тајни служби likes this.

nuevos-botones-facebook-banner[1]

Новите „Реакции“ на Фејсбук: палец нагоре, срце и 4 емотикони со експресии кои варираат од радост, до шок, тага и гнев – се воведени со цел да им помогнат на корисниците за подобро да ги изразат своите емоции и ставови кон постираното. Наводно. Реалноста е дека маркетерите и рекламирачите се излигавија од лакомост врз новите опции, кои им нудат можност за да соберат дополнителни информации за потрошувачките преференци и трендови. Некаде тука се и полицијата и тајните служби.

На истиот начин како што Gmail и другите сервиси на Гугл ја пребаруваат содржината на корисничките и-мејлови и пребарувања, со цел да генерираат таргетирано рекламирање, „емоџи“-те на Фејсбук ќе овозможат нов метод за продуцирање на подетални анализи на сентиментите и преференците на индивидуата.

Спроведувачите на законот и разузнавачките агенции исто така ќе се трклаат како прасиња во новото море од јавно достапни разузнавачки информации што ќе произлезат од новата опција на Фејсбук, преку кои ќе можат да ископаат сентимент-анализи за терористите, криминалците и осомничените за криминал.

Неколку такви „чешлачки“ софтверски програми на федералните и локалните власти веќе ги чешлаат Твитер, Фејсбук, Инстаграм и другите друштвени мрежи, со цел откривање на мрежи на здружување, центри на влијание или потенцијални знаци на радикализација. На пример, во САД, FBI и Царинската служба користат SocioSpyder и Dunami – платформи што користат напредни алатки за текстуална анализа што ловат интерперсонални и меѓугрупни релации.

Сметајте ги новите реакции како Ексел табела која кореспондира со емоциите. Претходно, програмите за разузнавање мораа да бараат чувства, нијанси и контекст, и да ги интерпретираат – пребарувајќи големи парчиња текст. Со новите 6 икони, извлекувањето на такви информации преку Фејсбук е повеќекратно олеснето и поедноставно. А „емоџите“ веќе стигнаа до судовите. Лани, во Бруклин, големата порота ги одби обвиненијата против еден тинејџер кој „и се заканувал на полицијата преку емотикони постирани на Фејсбук“. Прашање на време е кога слични обвиненија ќе бидат прифатени.

Со месеци, американската извршна власт бара дополнителна соработка од технолошките компании од Силиконската долина, за да им помогнат во спречувањето на насилните екстремисти (Исламска држава, воглавно) кои во голем дел зависат од Твитер и други сервиси во ширењето на својата порака и регрутирањето на нови следбеници. Минатата недела, владини официјални лица се сретнаа во Сан Хозе со претставници од Гугл, Твитер, Фејсбук, ИНстаграм, Snapchat, Tumblr и Мајкрософт, за да дискутираат за начините на кои приватните компании можат да и асистираат на американската влада во нејзините анти-терористички напори.

Администрацијата на Обама бара подадена рака во тензични времиња – кога Министерството за правда е заглавено во масивен судски спор со Apple, околу барањето на FBI Apple да го отклучи ајфонот на напаѓачот од Сан Бернардино. Фесјбук, од една страна, го поддржува Apple и усно и писмено, но од друга, компанијата е очигледно далеку порасположена да соработува со владините служби од останатите компании од Силиконската долина. Коинцидирањето на воведените промени и средбата со федералните власти го потврдува таквото сомневање.

Новите емотикони не се развиени со единствена цел да им помогнат на властите и владините служби, ама тие дефинитивно ќе извлечат корист од потегот. Изговорот, како и секогаш, се терористите и безбедноста, но како што сите добро знаеме, владите имаат силна тенденција да ги злоупотребуваат нештата.

- Реклама -