Еве ги тајните на слабите жени

Упорно се борите со тие неколку килограми вишок што ве полудуваат, а да биде работата уште полоша, околу вас гледате само слаби девојки, на кои им завидувате од дното на душата. Не грижете се, затоа што решението е многу едноставно и безболно, а го откриваат токму слабите девојки.

Не претерувајте со храната

Природно слабите жени се во хармонија со своето тело и ги слушаат сигналите што тоа им ги праќа. Точно знаат колку треба да јадат, а истовремено да не се прејадат. За жал, многу девојки ја занемаруваат оваа појава. Затоа бавно јадете, уживајте во храната, не гледајте телевизија додека ручате и престанете да јадете во моментот кога ќе бидете околу 50 отсто сити. Имено, на желудникот му требаат околу 15 минути за да му соопшти на мозокот дека сте сити, а токму поради ова често се случува да јадете повеќе отколку што е потребно.

Внимателно бирајте ја храната

Ова е многу важен трик. Слабите жени ја јадат само онаа храна што навистина ја сакаат, а не се задоволуваат со какви било грицки. Многу е важно постојано да имате на ум дека вашето тело ја заслужува само најдобрата и највкусната храна, па не посегнувајте по што било, само затоа што ви се наоѓа на дофат.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Наспијте се

Постојат докази дека недостигот на сон го зголемува чувството на глад и го забавува метаболизмот, а тоа може да остави големи последици на вашата тежина на долг рок. На просечните жени дневно им требаат околу седум и пол часови сон. Избегнувајте го алкохолот неколку часови пред да си легнете, затоа што тој може да го поремети сонот.

Вежбајте секогаш кога можете

Редовното вежбање ќе ја одржува вашата форма, а користењето на секоја можност за вежбање преку ден, може да ви донесе многу позитивни промени на фигурата, затоа качувајте се по скали и пешачете секогаш кога можете.

Не заборавајте на појадокот

Жените што го прескокнуваат појадокот се склони кон лоши избори на храна во текот на денот. Имено, истражувањата покажуваат дека луѓето што редовно појадуваат, за ручек внесуваат околу 17 отсто помалку храна. Освен тоа, луѓето што го прескокнуваат појадокот имаат четири пати поголеми шанси да бидат дебели.

Не ја заобиколувајте вагата

Редовното мерење е клучно за успешно одржување на телесната тежина.

- Реклама -